Добредојдовте на Web-страната на Medicus Help
December 11, 2006 on 8:11 am | In Uncategorized | Comments OffФирмата Медикус Хелп на македонскиот пазар е присутна и успешно работи уште од 1993 година. Веќе неколку години наназад основна програма во работењето на Медикус Хелп е програмата на ортопедски помагала.
Асортиманот на овие производи е обемен и внимателно одбран.
- Сите видови на инвалидски колички (собна, универзална, детска, тоалетна….);
- Помагала за одење, патерици, дубаци, бастуни и сите видови одалки;
- Антидекубитални душеци и перничиња;
- Ортопедски перници за спиење;
- Помагала за тренинг и масажа;
- Имобилизатори и држачи на врат, рамо, лакт, рака, колено и скочен и рачен зглоб;
- Ортопедски влошки, чевли, влечки, кломпи;
- Појаси за стомак и крст;
- Суспензори за кила и суспензориуми;
- Чорапи за вени;
- Силиконски и градни протези;
- Медицински и естетски перики;
- Фитнес опрема.
Како резултат на долгогодишното искуство во работата со ортопедски помагала и преку контактите со непосредни купувачи кои имаат потреба од вакви помагала, новина во понудата на Медикус Хелп претставуваат ПОМАГАЛАТА ЗА ПОЛЕСЕН, ПОСИГУРЕН И НЕЗАВИСЕН ЖИВОТ. На овој начин Medicus Help посебно се труди да со своите производи го даде својот придонес во олеснувањето на секојдневието на инвалидизираните лица. Следејќи ги нивните потреби и можности Medicus Help во своите продавници секогаш има квалитетни помагала од реномирани производители кои поседуваат цертификати со светски стандарди. Основниот стремеж на Medicus Help е на македонскиот пазар да ги донесе сите новини од светот на ортопедските помагала. Склучениот договор со Фондот за Здравствено Осигурување овозможува полесен и поевтин пристап на овие помагала до корисниците.
Ортопедски помагала за полесен, посигурен и независен живот - info@medicushelp.com.mk, prodazba@medicushelp.com.mk